Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната последна трка во сезоната на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби.
Во духот на целата сезона и последните квалификации пред трката беа драматични. Мерцедес и Луис Хамилтон беа одлични на тренинзите, а и на стартот од квалификациите. Макс Весратепен направи грешка и ги оштети меките пневматици кои ги имаше на возилото. Немаше повеќе расположливи залиги и мораше со старите повторно на патеката на која доминираше Луис Хамилтон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Успеа да извози најбрз круг иако графиката прикажа дека е на минута до крајот се реши да се врати во гаражата. Беше тоа грешка на режијата затоа што не прикажаа како возеше, а тој просто леташе по стазата.
Со голема неизвесност се влезе во последниот дел од квалификациите. Верстапен извозе неверојатен круг од 1:22.109 што беше за пола секунда подобар од Хамилтон. Британецот не успеа да постави подобро време, па утре Хамилтон ќе стартува како лидер. Трет ќе стартува Ландо Норис.