Во изминатите денови се појави информација дека Луис Хамилтон е еден од кандидатите за купување на Челзи. Роман Абрамович бара соодветно решение за продажба на англискиот гигант, а британскиот Ф1 возач може да биде дел од опцијата со која ќе стави крај на сагата.
По ваквата информација провокација до Луис Хамилтон стигна од неговиот ривал на патеката, Макс Верстапен. Холанѓанецот истакна дека не разбира како некој може да го купи Челзи, а да навива за Арсенал.
Lazar KeskinovАлександар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Искрено, мислев дека Луис навива за Арсенал. Не знам како некој кој навива за Арсенал сака да го купи Челзи. Сепак, тоа се негови пари и може да ги троши на што сака. Кога јас сум во прашање како навивач на ПСВ Ајндховен никогаш не би го купил Ајакс. Исто така не би се задоволил со опцијата да имам проценти во клубот, кога би купувал би сакал да биде во 100% сопственост“, истакна Верстапен.
Lazar KeskinovКако партнер на Хамилтон во купувањето на Челзи се споменува тенисерката Серена Вилијамс.