Maкс Верстапен дојде до третата пол-позиција сезонава во Формула 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На трката за Големата награда на Австрија која ќе се вози утре Верстапен ќе стартува како лидер. Верстапен возеше по малку резервирано низ првите два квалификациски сессии, за во третата рунда да го извлече максимумот од својот болид и да обезбеди најдобро време.
Зад него следуваше Валтери Ботас, меѓутоа поради грешка на вчерашните тренинзи тој ќе стартува три позиции подоле.
Луис Хамилтон го имаше третото најбрзо време и ќе стартува втор, трет ќе биде Ландо Норис. Во топ 10 се уште: Перез, Гасли, Леклер, Цунода, Алонсо и Строл.