Дома Фудбал Останато Полицијата на Словенија и Хрватска разби обложувачка мафија, уапсени и Македонци

Полицијата на Словенија и Хрватска разби обложувачка мафија, уапсени и Македонци

Во заедничка акција полициите на Словенија и Хрватска уапсија фудбалска мафија која „оперирала“ и во нашата држава.

Деветмина осомничени во Словенија и двајца во Хрватска, помеѓу кои имало и македонци беа уапсени во истрагата против обложувачката мафија која траеше повеќе месеци.

Словеничките истражни органи кои се занимаваат со организиран криминал објавија дека истрагата се однесувала на група која преку интеренет функционирала и подигнала големи износи во Азија.

Во Словенија и Хрватска биле направени 13 претреси на домови и 15 претреси на автомобили на разлилни локации, а уапсени 11 осмоничени. Сите се под сомневање за манипулирање со фудбалски резултати во професионални лиги во Србија, Чешка, но и во нашата држава, после што биле уплаќани големи суми на договорени рзулати, соопштуваат од словенската полиција.

На уапсените им биле одземени 35 електронски направи, 32 мобилни телефони, два лични автомобила, 19.6000 и фалсификувани валути во износ од 38.500 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…