Финалето на Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 1 јуни на „Вембли“, ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ, соопшти УЕФА.
Винчиќ никогаш не му судел на шпанскиот гигант, а беше „среќен“ за Дортмунд на дуелот против Атлетико за пласман на Германците во четвртфиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Словенецот долго време е судија од елитната група, а ова несомнено ќе биде најголемиот меч во неговата кариера.
За Винчиќ ова ќе биде второ европско финале, пред две години го судеше финалниот меч во Лигата на Европа во кој Ајнтрахт Франкфурт триумфираше по пенал серијата против Глазгов Ренџерс.