„Тутоспорт“ ја објави листата на 40 финалисти кои конкурираат за наградата „Голден Бој“.
Конкуренцијата во која се наоѓа и играчот кој има македонски корени Дејан Кулушевски оваа година е многу силна. Покрај Кулушевски кандидати се Ансу Фати од Барселона, Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен дваоецот на Борусија Дортмунд Џејсон Санчо-Ерлинг Халанд, Фил Фоден од Манчестер Сити, Сандро Тонали од Милан, Габриел Мартинели од Арсенал, Родриго и Винисиус од Реал Мадрид…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Непишано правило е дека добитникот на оваа награда подоцна станува топ класа во светскиот фудбал.
Во минатото наградата „Голден Бој“ ја добиле Лионел Меси, Вејн Руни, Пол Погба, Цеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Килијан Мбапе, Матијас Де Лихт, Жоао Феликс.
Who will win the 2020 Golden Boy Award ⁉️ pic.twitter.com/vLpev4ZKqM
— 433 (@433) September 15, 2020