„Газета дело Спорт“ открива дека главната трансфер цел на Милан на лето ќе биде Доменико Берарди од Сасуоло.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.
Берарди игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 12 гола и 11 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Сасуоло е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара 30 милиони евра, а Милан наскоро ќе започне преговори.
„Росонерите“ се во преговори со Дивок Ориги, кој треба да пристигне без обештетување, па ќе имаат поголем буџет за засилување на десната крилна позиција.