Јувентус минува низ турбулентен период поради финансиските малверзации за кои доби казна од 15 бодови, а би можел да биде исфрлен и од европските натпреварувања во следните три години.
Дел од фудбалерите имаат намера да го напуштат клубот, а еден од нив е францускиот фудбалер Пол Погба, кој не одигра ниту минута по доаѓањето во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба е повреден, но во моментов ги разгледува опциите за неговата иднина, а заедно со него би можеле да си заминат и Војчех Шчесни и Вестон Мекени.
Јувентус се жали поради одлуката на Фудбалскиот сојуз на Италија, но мала е веројатноста дека ќе се спаси од одземањето на бодови, поради кои испадна од трката за топ-4 во Серија А.