Американската тенисерка Ема Наваро се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако синоќа во осминафиналето ја совлада својата сонародничка Коко Гоф со резултат 6:4, 6:3.
Натпреварот траеше 76 минути. Наваро е 17. тенисерка во светот, додека Гоф е втора на ВТА листата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наваро со победата го постигна најголемиот успех во кариерата на Грен слем турнирите.
Таа во четвртфиналето ќе игра против Паолини.
За потсетување, семејството на Ема е основач на Sherman Financial Group, а освен тоа поседува и голем број хотели и тениски турнири, во вредност од околу 300.000.000 долари.
Нејзиниот татко, се проценува дека вреди дури 1,5 милијарди долари, што ја прави Ема најбогатата тенисерка, побогата од Новак, Федерер и Надал…