По германското дерби против Баерн Минхен јасно дека во Борусија нешто не е како што треба.
Борусија Дортмунд во натпреварот против Баерн Минхен доживеа огромен пораз кој јасно е голем удар за сите во клубот, а пред само 339 дена во вториот дел од минатата сезона „милионерите“ во германскиот куп го совладаа Баерн со 3:2, подоцна и го освоија трофејот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега се поставува прашањето како од таа точка за неполна година дојдоа во ситуација во Минхен да примат шест голови, а според прикажанта игра, можеше да биде уште полошо. На споменатиот натпревар минатата сезона стрелци беа Марко Ројс, Пјер Емерик Обамејанг и Осман Дембеле – ниту еден од нив не беше дел во саботниот дебакл.
Дембеле минатото лето беше продаден на Барселона за 110 милиони евра, Обамејанг оваа зима премина во Арсенал за 64 милиони евра, додека Марко Ројс, погодувате, поради уште една повреда го прескокна дербито против најголемиот ривал.
Исто така голема е и промената на клупата во однос на минатата сезона.
Томас Тухел во текот на летото го напушти клубот поради несогласувања со управата, го замени Питер Бош.
Сега е повеќе од јасно дека „милионерите“ не успеаа да го надоместат заминувањето на Дембеле и Обамејанг кои се фудбалери кои знаеа како се решаваат натпревари. Украинецот, Андреј Јармоленко добро започна, но потоа целосно се изгуби. Што да се каже Андре Шурле? Херојот на Германија од Мундијалот во Бразил само на моменти покажуваше дека би можел да ги оправда 30-те милиони вложени во него. Омер Топрак секако не се покажа како играч кој би можел да командува со одбраната, а во категоријата промашувања може да се смета и Џереми Толјан.
Со Марио Геце никогаш не се знае. Кога и навивачите да помислат – еве го се врати стариот Геце тој заработува повреда поради која мора да отсуствува.
Наследникот на Бош, Штегер потпиша договор до крајот на сезоната, а како што пишува реномираниот „Билд“ после бламажата во дербито јасно е дека нема иднина во Дортмунд.