Дома Фудбал Планот на Перез успеа: Реал го завршува планот за подмладување вреден 217 милиони евра

Планот на Перез успеа: Реал го завршува планот за подмладување вреден 217 милиони евра

Последен голем трансфер беше Герет Бејл, после тоа Перез спроведе план. Кога на овие момци ќе им се додат уште неколку „Галактикоси“ кој ќе пристигнат ќе го видиме Реал за новата деценија.

Уште неколку дена и Брахим Диаз ќе се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанецот се враќа во татковината, Реал така ќе го заврши четиригодишниот план на доведување млади играчи вкупно вредни 217 милиони евра.

Сето тоа се случи после последниот голем трансфер на Герет Бејл.

Клубот прво го доведе Асенсио за нешто повеќе од три милиони евра, денес момчето од Мајорка вреди многу повеќе. За Себаљос ја платија клазулата и го украдоа од пред Барселона, потоа следуваше и трансферот на Одриозола.

Додадете ги тука Бразилците Винисус Жуниор и Родриго кој треба да пристигне и не ги заборавајте Одегард и Лукас Силва – тоа се се момци помлади од 20 години и претставуваат светла иднина.

На сите овие би требало да пристигне и Жуниор Фирпо како замена за Марсело, додека големи вложувања ќе бидат направени во нападот каде што се очекува една супер ѕвезда како Азар или Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан скапо ја плати победата над Ц. Звезда – се повредија двајца фудбалери!

На Милан му се повредија двајца фудбалери во натпреварот од шестото коло на Лигата на шамп…