Дома Фудбал Останато Пирло: Единствен кој e сличен на мене е Де Јонг

Пирло: Единствен кој e сличен на мене е Де Јонг

Легендарниот играч за врска на италијанската репрезентација, Андреа Пирло зборуваше за медиумите и за тоа кој играч во иднина би можел да биде наследник и се одлучи за фудбалерот на Барселона, Френки Де Јонг.

Поранешниот играч на Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити смета дека младиот Холанѓанец ги има сите предиспозиции да биде негов наследник во светскиот фудбал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Единствен кој можеби е сличен по мојот стил на игра е Френки Де Јонг. Миралем Пјаниќ има некои сличности со мене кога зборуваме за начинот на игра, но сепак сме различни и секој си има свој пристап на фудбалот“, изјави Пирло, а потоа го прокоментира и успехот во дресот на „старата дама“.

„Кога дојдов во Јувентус сакав да отворам нова успешна серија за тој тим. Бев апсолутно убеден дека тоа ќе се случи, во спротивно ќе отидев некаде на друго место. Мислам дека Јуве може да продолжи да освојува титули, иако сега изгледа дека борбата за Скудетото ќе биде по неизвесна бидејќи Наполи и Интер се навистина добри. На Јувентус му е потребен период на навикнување на стилот на Сари и мораме да почекаме, јас сум убеден дека Јувентус е фаворит“, порача еден од најдобрите играчи од средниот ред кои некогаш се појавиле во фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…