Дома Фудбал Пике ризикува со своето колено, одбил операција!

Пике ризикува со своето колено, одбил операција!

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике одби да оди на операција на коленото.

Искусниот стопер тешко го повреди коленото во мечот со Атлетико Мадрид и сега одлучи да ризикува со своето опоравување.

Пике одби да оди на операција која докторот Рамон Кугат му ја предложи. Таа операција би го одалечила од теренот помеѓу шест и осум месеци. Пике се одлучи за конзервативни методи на лекување со кои би се вратил на теренот за четири месеци.

Сепак, овој метод е ризичен. Со операцијата коленото се стабилизира и се доведува во ред, но Пике е убеден и дека на друг начин ќе биде исто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеколен распоред само што почнува, а Барселона би можела да остане без најдобриот стрелец

Одличниот Бразилец беше заменет на полувремето од натпреварот против Австралија поради неу…