Се погласно се зборува за враќање на Меси во Барселона, а повеќе во таборот на Каталонците и не кријат дека сакаат да го доведат Аргентинецот.
Навивачите чекаат, Лео чека…Но постојат одредени услови кои мораат да бидат исполнети за тоа да се случи. Лапорта порача дека сака да го доведе Меси и прави се за тоа да се случи. Сега шпанските медиуми објавија што се мора да исполни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
1.Лапорта мора да разговара со Меси и да го убеди во проектот на Барселона, но и да се извини за начинот на кој Аргентинецот мораше да замине пред две години. Тоа не е лесно, претседателот на Барселона мора да го убеди Меси дека неговиот план е одржлив и дека за Меси има место на широката слика. Се шпекулира дека Меси нема да чека вечно, поучен од искуството претходно. Арапите се тука со непристојна понуда…
2. Клубот има проблем со финансиите и тоа не е тајна, но Меси ќе донесе одлука во склад со засилувањето. Ако Барселона успее да привлече квалитетни играчи кои ќе го убедат Меси дека има шанси за трофеј и во ЛШ тогаш шансите наБарселона се тука.
3. Иако, Ла Лига го одобри планот на Барселона (се пишува дека ќе им биде прогледано низ прсти за да се врати атрактивноста на шпанскиот фудбал), сепак проблемот со платата останува. Буџетот се намали со повлекувањето на Пике, заминувањето на Гризман и уште некои играчи, но тоа засега не е доволно.
4. Сигурно дека Меси многу ќе значи на маркетиншки план, но финансискиот директор Ромеу порача дека не може да смета дека тоа ќе биде доволно ако не се намалат трошоците. Најмногу може да се заштеди на плати, меѓутоа и продажбата на фудбалери е важна. Ромеу наводно предупредувал дека мораа да заминат некои играчи од првата екипа за да се растерети трошокот, на продажба се Феран Торес, Фати, Феран Торес…како и играчите кои се на позајмица, Дест, Ленгле, Умтити, Нико Гонзалес, Тринкао…Сепак, дел од овие играчи не се стандардни во клубовите и веројатно нема да бидат откупени.
5. Мора Меси да се убеди и дека животот по фудбалот за не го е е во Барселона. Семејството без дилема сака да живее во Барселона, но за тоа клубот треба да му понуди и адекватна улога по завршувањето на играчката кариера. Засега се најавува дека Меси нема да биде задоволен со некоја формална функција како „амбасадор“.
Сезоната е во самата завршница, летниот преоден рок се поблиску, па ќе видиме што ќе се случува…