Дома Фудбал Останато Пеле изјави дека Меси не е подобар од него, а потоа пристигна одговор од Барселона

Пеле изјави дека Меси не е подобар од него, а потоа пристигна одговор од Барселона

Еден од најдобрите играчи на сите времиња Пеле неодамна изјави дека Меси не е ниту блиску добар колку што беше тој додека играше.

Пеле повторно успеа да подигне прашина, а овој пат цел не му беше Марадона туку Меси. Легендарниот Бразилец изјави дека е глупаво што многумина го споредуваат со Меси, бидејќи верува дека играчот на Барселона не е ниту приближно добар фудбалер како што беше тој.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Меси најдобар на сите времиња? Не знам како можете да не споредите. Јас кој еднакво добро играв со глава, лева и десна нога со играч кој има само една нога и една финта и не знае да игра со глава“, изјави Пеле.

Меси не се огласи во јавноста по изјавата на Пеле, но за тоа се погрижија неговите навивачи. Но, откако што Меси блескаше на натпреварот против Еспањол во Барселона одлучија преку Твитер да му одговорат на Пеле.

Тие на официјалниот Твитер профил објавија видео од загревањето на Меси пред натпреварот против градскиот ривал, кога голманот на Барса не можеше да направи ништо со опис „Тој има само една финта“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…