Дома Фудбал Лига на шампиони Педро ја посочи разликата меѓу Барселона и Челзи

Педро ја посочи разликата меѓу Барселона и Челзи

Педро има освоени 20 трофеи во кариерата, но главно додека настапуваше во Барселона, од каде во 2015 година се пресели во Челзи.

„Тоа беше неверојатно време кое го поминав во Барселона. Барса е еден од најголемите тимови на светот и таму полесно се освојуваат трофеи отколку во Челзи. Барса ги има најдобрите светски фудбалери како Меси и среќен сум што бев дел од таа приказна“, изјави Педро.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Педро вечеерва може да заигра против својот поранешен тим во осминафиналето од Лигата на шампиони.

„Сега е се поинаку, сега го носам синиот дрес и со гордост можам да кажам дека играм за Челзи. Се надевам дека ќе успееме да ја елиминираме Барселона“, додаде шпанскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Засилувањето на Њукасл од 85 милиони евра тресе мрежи, но го прогласија за промашување!?

Трансферот на Ник Волтемаде во англискиот гигант Њукасл за сума од 85 милиони евра уште од…