Дома Фудбал Останато Педри: Мислев нема да зборувам многу со Меси ама тој баш ме изненади

Педри: Мислев нема да зборувам многу со Меси ама тој баш ме изненади

Барселона ова лето од Лас Палмас го доведе 17 годишниот Педри и тоа се покажа како полн погодок за Каталонците.

Педри стигна во Барселона како резервна опција за во средниот ред, но Роналд Куман му пружи шанса која младиот фудбалер одлично ја искористи. Овој тинејџер ги воодушеви навивачите со своите настапи и покажа дека пред него може да биде блескава иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во досегашниот дел од сезоната одигра десет натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне два гола. Младиот фудбалер порача дека во клубот дошол да учи од поискусните играчи и тоа му оди многу добро.

Тој откри дека Меси многу му помага и со него има одличен однос.

„Меси е фантастичен човек и секогаш е тука да ви помогне. Мислев дека нема да зборувам со него, но тој баш ме изненади. На теренот секогаш ме советува и тоа е она што секој капитен треба да го прави“, изјави Педри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…