Екипата на Шкендија вчера го продолжи својот пат откако во квалификациите ја елиминираше Валмеира од Малта.




Во реваншот Шкендија победи со 3:1 и со вкупни 5:2 се пласираше во третата квалификациска рунда. Третото коло за Шкендија ќе донесе двомеч со АИК од Шведска. Првиот натпревар се игра во Стокхолм на 4. август додека реваншот е закажан за во Скопје една недела подоцна.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ждрепката за плеј-офот во Лигата на Конференции ќе се одржи на 2. август. Во случај тетовци да го поминат АИК тогаш во Скопје може да гостува екипа како Виљареал, Вест Хем, Фиорентина Келн, поразениот од АЕК Ларнака и Партизан…




Како и да е јасно е дека ако се помине АИК кој воопшто не е лесен противник тетовци ќе добијат уште потежок ривал како последна пречка за влез во третото по ранг европско натпреварување.
Фото: ФК Шкендија