Дома Фудбал Италија Пандев и Џенова на тешко гостување во Фиренца

Пандев и Џенова на тешко гостување во Фиренца

Фиорентина вечерва ја пречекува Џенова, која доаѓа со нов тренер, но во критична ситуација на табелата и спремна да „гине“ за секој бод.

Фиорентина со нарушена самодоверба

Фиорентина не завршила повисоко од осмото место во Серија А од сезоната 2015-2016. Амбициите им с еповисоки и од тоа седмо место на кое се во моментов, но за исполнување на тоа потребни се победи на натпреварите како овој.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Винченцо Италијано ќе се израмни по бодови со шесто и седмопласираните Рома и Лацио а ќе има и натпревар помалку. Проблем е почетокот на годината – минатиот викенд Фиорентина претрпе пораз со 4:0 од Торино што сигурно барем малку ќе ја наруши самодовербата.

Фиорентина успеа да се врати на победите во Купот на Италија во четвртокот, откако славеше победа од 2:5 над Наполи по продолженијата. Но таа победа си зема данок – сега тиот е прмеорен откако одигра 120 минути.

Сега на доашен терен каде екипата е доста силна сезонава би требало да има полесна задача, а освен тоа веќе сезонава славеа над Џенова на гости со 1:2.

Шева е историја, но тој е најмалиот проблем

Но ако Фиорентина е преморена, истото важи и за Џенова која претрпе пораз од 3:1 од Милан во Купот на Италија во четвртокот. И тие играа дополнителни 30 минути откако регуларниот дел заврши 1:1. Минатиот викенд пак загубија со 0:1 на домашен терен од Специја.

Катастрофалната сезона во која имаат само една победа, девет нерешени и 11 порази од 21 натпревар им донесе 12 бода, што е доволно само за 19-та позиција на табелата, пет бода зад 17-та Венеција која е на последното безбедно место на табелата.

Затоа, Џенова има многу работа за да го обезбеди своето место на ова ниво уште една сезона, а би било изненадување доколку испадне од Серија А, бидејќи е присутна во лигата од 2007 година.

На Андриј Шевченко му беше тешко да ги промени резултатите по неговото пристигнување во Ноември, па клубот одлучи да го отпушти Украинецот во саботата. Сега екипата ја водат Абдулај Конко и Роберто Мургита на привремена основа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…