Интер и Челзи постигнале начелен договор за трансфер на левиот бек Емерсон Палмери во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.
„Сините“ се спремни да го продадат италијанскиот репрезентативец и Лампард веќе бара засилување на таа позиција.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Конте е во потрага по квалитетно засиливање на левата беквоска позиција и одлично ги познава квалитетите на Палмери, бидејќи тој го донесе Стенфорд Бриџ, па смета дека ќе биде идеално засилување за Интер.
Последните информации говорат дека „нероаѕурите“ понудиле 20 милиони евра, понуда која Челзи ја прифатил, па во наредните денови се очекува официјализација на трансферот.