Репрезентативката на Македонија, Елена Ѓорѓиевска и официјално има нов клуб.
Македонскиот десен бек ја напушти Магура од Чисадние од Романија и се сели во Коњалти од Анталија. Во турскиот клуб веќе играат две македонски ракометарки, Ивана Гакидова и Моника Јанеска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
33-годишната Ѓорѓиевска претходно во кариерата го носеше дресот на Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, Металург, Будуќност, Баја Маре, Крајова, Алба Фехервар и Подравка.
Коментари