Дома Фудбал Официјално: Гризман повеќе нема да игра само по половина час

Официјално: Гризман повеќе нема да игра само по половина час

Атлетико Мадрид и официјално објави дека Антоан Гризман повеќе не е на позајмица од Барселона, Французинот потпиша до 2026 година.

Претходно Гризман беше на позајмица која истекуваше следното лето и предизвика големи контроверзии поради клаузулата во договорот меѓу двата клуба според која Атлетико мораше да и плати на Барселона голема сума пари за минутажата на Гризман.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Затоа Диего Симеоне го користеше исклучиво после 60-та минути од секој натпревар, но Французинот возврати со три гола и две асистенции.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, воопшто не го сакаше Гризман во тимот. Беше далеку од очекувањата, но и плата која беше проблем за каталонскиот клуб и го оптоваруваше буџетот. Атлетико за Гризман плати 20 миилиони евра, а Барселона ќе заработи и дел од парите ако клубот во иднина го продаде Гризман за повеќе од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвена Звезда скапо ја плати елиминацијата од ЛШ – ќе загуби 15 милиони евра

Отсуството од Лигата на шампионите носи сериозен финансиски удар за Црвена ѕвезда. Приходо…