Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Вардар донесе големо засилување од Будуќност

Официјално: Вардар донесе големо засилување од Будуќност

Поранешната репрезентативка на Србија, Драгана Цвијиќ, од наредната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар, објави клубот на својата интернет страница.

Една од најдобрите европски ракометарки на пивотменската позиција, Драгана Цвијиќ, потпиша две годишен договор со ЖРК Вардар. Таа „црвено-црниот“ дрес ќе го облече по завршувањето на оваа сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Вардар почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Драгана Цвијиќ е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција. Верувам дека со доаѓањето на Цвијиќ во нашите редови ќе имаме уште поконкурентна екипа подготвена за високи дострели. Вардар секогаш се стреми да ги има најдобрите можни играчи во своите редови, кои ќе придонесат за остварување на зацртаните клупски цели“, изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …