Легендарниот Италијанец заминува во пензија.
Џанлуиџи Буфон заминува од Пари Сен Жермен после само една година. Тоа официјално го објави од „Паркот на принцовите“ од каде што порача дека после долго размислување двете страни одлучиле да се разделат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ е почестен што имаше прилика да соработува со еден од најдобрите голмани во фудбалската, а благодарен на сите во главниот град на Франција е и самиот Буфон.
„Им благодарам на сите што имав прилика да живеам во Париз. Благодарен сум на заедничките емоции. Дојдов тука исполнет со ентузијазам и одлично дочека од страна на навивачите. Денес ја завршувам својата авантура надвор од Италија. Благодарен сум на претседателот, соиграчите и навивачите“, порача Буфон.
Италијанецот оваа сезона бранеше на 25 натпревари во сите натпреварувања. Иако има 41 година и се уште официјално не објавил крај на кариерата. Се шпекулираше дека може да стане директор во Јувентус, но засега нема потврда за такво нешто.