Дома Фудбал Официјално: Абидал се враќа во Барселона како директор!

Официјално: Абидал се враќа во Барселона како директор!

Раководството на Барселона денес официјално објави дека Ерик Абидал се враќа во клубот и ќе добие раководна функција.

Поранешниот дефанзивец на Каталонците ќе ја преземе функцијата на технички секретар, наследувајќи го тоа место од Роберт Фернандес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Фернандес истекуваше во крајот на јуни, па нема да биде продолжен, а на негово место во фотељата ќе седне Ерик Абидал, официјално на 18-ти јуни.

Назначувањето на Абидал е големо изненадување бидејќи тој во 2015 година застана зад кандидатурата на Жоан Лапорта, но на претседателските избори победи Бартомеу.

Фернандес во последните три години ја водеше траснсфер политиката на клубот од „Камп Ноу“, но беше многу критикуван за својата работа.

Абидал шест сезони помина како фудбалер на Барселона и меѓу другите освои 4 титули во Примера и 2 во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…