Еден од најголемите фудбалери на сите времиња без дилеми е бразилскиот мајстор Роналдо.
Легендарниот фудбалер имаше блескава кариера, но сигурно ќе беше и поголема ако немаше проблеми со повредите. Му настрадаа двете колена додека го носеше дресот на Интер (1997-2002) и имаше долга пауза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Можеби се ќе било поинаку ако Роналдо таа 1997 година потпишел за ПСЖ место за Интер. Барселона прелесно се откажа од него после само една сезона во која беше одличен, а Бразилецот го избра Интер за негова наредна дестинација.
Бил тогаш Роналдо блиску до трансфер во ПСЖ. Се било спремно за потпис, но договорот го откажал тогашнот сопственик на клубот од Париз, француската телевизија „Канал Плус“.
Причината за откажувањето била бизарна. Раководството на телевизијата стравувало дека ќе остане без гледачите на големиот ривал на ПСЖ, Марсеј ако го доведат Роналдо.
Така легендарниот бразилски напаѓач заврши во Интер. Таму имаше проблеми со повредите, не играше премногу, но кога беше на теренот покажуваше класа.
Потоа се врати во Шпанија и играше за Реал Мадрид, во таборот на „кралевите“ помина пет години. Од Реал повторно се врати во Италија во дресот на Милан кој беше негов последен клуб во Европа. Кариерата Роналдо ја заврши во Коринтијас.
Сигурно дека во Париз денес жалат што тогаш се решиле да се откажат од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.