Дома Фудбал Останато Откриени нови, шокантни детали за Мурињо и Погба!

Откриени нови, шокантни детали за Мурињо и Погба!

Протекоа нови информации околу Мурињо и Погба.

Од извори блиски до Португалецот процениле дека тој не го сака Погба, но мораше да го почитува клубот, а покрај тоа, Французинот имал услов да пристигнат Лукаку и Ибрахимовиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, Мурињо смета дека Погба е нов Балотели, дека станува збор за „хајп“ и дека никогаш нема да стане сериозен играч. Со Балотели имаше искусво во Интер, му даде шанса, но и тогаш наводно тврдеше дека никогаш нема да ги исполни очекувањата. Покрај тоа, Мурињо кој денеска ќе изведе коминиран тим против Валенсија и ќе ги врати Фред и Погба во екипата за да ги одмори стартерите за Ливерпул, не сака да разговара со Погба.

Французинот барал објаснување зошто Мектоминеј игра пред него, но Мурињо им кажал на луѓето во клубот дека нема зошто да објаснува за своите одлуки, дека Погба ги изгубил сите шанси и дека место во тимот се заработува со труд на тренинзите и користење на шансите во секој натпревар.

Тој дури смета дека за клубот е најдобро да го ослободи Погба, да го продадат додека можат, но Јунајтед, како што рековме не е подготвен тоа да го направи, пред се поради маркетинг причини.

Додаваме дека Погба го нарече вирус, Мурињо му испратил порака на директорот дека се обидел на сите начини за овие две и пол години, кога станува збор за Погба, да ја промени формацијата поради резултатот, за да ја прилагоди играта на Французинот и дека не добил ништо, додека Погба е ориентиран кон маркетингот и социјалните мрежи, да ги иритира соиграчите со однесувањето и да ги игнорира советите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…