Манчестер Јунајтед нема намера да го отпушти Солскјер. Така изгледа според последната изјава на Ед Вудворд во јавноста.
Генералниот директор на Манчестер Јунајтед јавно го поддржа Оле Гунар Солскјер, а во пракса се покажало дека често пати кога некој директор во ваква ситуација ќе го поддржи шефот на стручниот штаб набрзо го менува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навистина е тешко да се игнорираат сите негативни рекорди кои Солскјер ги руши со Јуанјтед. Доволно е да се спомене дека според резултатите го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 30 години. Медиумите најавуваат дека натпреварот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул во викендот кој следи може да биде последен за Солскјер на клупата.
Еве што вели Вудворд.
„Претрпевме промени во текот на летото и имаме исклучително млад состав. Ова е тим кој ќе го градиме и понатаму. Средината на минатата сезона после доаѓањето на Солскјер е модел приближен на оној кој сакаме да го достигнеме во иднина. Видовме тогаш тим кој игра брз фудбал и јасно ја спроведува замислата на тренерот“.
„Солскјер воведе дисциплина која недостасуваше претходно. Во овој момент гради тим кој ја почитува историјата на клубот и во кои фудбалерите напорно тренираат и ги почитуваат своите колеги. Никој не е поголем од клубот“, изјави Вудворд.