Дома Македонски спорт Од Струга потврдија: Ќе играат во Елбасан ако се пласираат во плеј-офот од Конференцискатал ига

Од Струга потврдија: Ќе играат во Елбасан ако се пласираат во плеј-офот од Конференцискатал ига

Шампионот на Македонија Струга Трим Лум и официјално ќе игра во Елбасан ако се пласира во плеј-офот од Конференциската лига.

Информацијата за „МИА“ ја потврдил спортскиот директор, Бесар Исаку.

„Доколку избориме пласман во плејофот на Конференциската лига, натпреварот на кој треба да бидеме домаќини ќе се игра во Елбасан“, изјавил Исаку за „МИА“.

Ќе потсетиме, Струга со 3:1 славеше против Есперанж во првиот натпревар од третото квалификациско коло кое се играше на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Причината поради која Струга би играла во Елбасан е што теренот на Националната арена е затворен, а другите наши стадиони не исполнуваат услови за натпревар во еден европски плеј-оф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шик урна клупски рекорд, а Маза откри: Одлично се разбираме на теренот

Баер Леверкузен со 2:1 го совлада Фрајбург, а тандемот Патрик Шик – Ибрахим Маза повторно …