Дома Трансфер зона Од овој тим навивачите очекуваат многу: Еве како може да изгледа Интер на Конте (ФОТО)

Од овој тим навивачите очекуваат многу: Еве како може да изгледа Интер на Конте (ФОТО)

Навивачите на Интер влегуваат со големи очекувања од новата сезона, а тоа најмногу е така поради доаѓањето на Антонио Конте на клупата на „нероаѕурите“.

Колкава еуфорија владее во Милано доволно зборува податокот дека Интер експресно ги распродаде сите годишни билети.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во Интер се очекува да има одредени промени, некои играчи веќе пристигнаа, додека Мауро Икарди и Раџа Наинголан беа јавно отпишани од страна на Бепе Марота.

Икарди и Наинголан не се во плановите на клубот, Аргентинецот најмногу се поврзува со Јувентус, додека за Наинголан засега нема клубови со кои се поврзува во медиумите.

Најголемото засилување за „неораѕурите“ ова лето се очекува да биде Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, додека во последната линија многу се очекува од Диего Годин кој веќе пристигна.

Па еве како би можел да изгледа тимот предводен од Антонио Конте.

Ќе потсетиме Интер во овој преоден рок покрај Годин ги доведе Валентин Лазаро и Стефано Сенси, како и младиот Лусијан Агума (17 години).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …