Дома Македонски спорт Мак ракомет Одложен натпреварот Вардар 1961 – Елверум

Одложен натпреварот Вардар 1961 – Елверум

Натпреварот од 2 коло од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар 1961 и Елверум што требаше да се одигра на 24 септември 2020 година во Скопје е одложен.

Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на натпреварот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во писмото од ЕХФ до клубовите се вели дека и претходно целта на ЕХФ била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено не во ЕХФ лигата на шампионите каде сезоната во групната фаза треба да трае до крајот на февруари 2021 година.

ЕХФ ќе остане во контакт со клубовите и ќе работи на дефинирање на нов датум на одржување на средбата.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…