Дома Фудбал Останато Ова се 11. репрезентации кои изборија пласман на СП во Русија

Ова се 11. репрезентации кои изборија пласман на СП во Русија

Вчера добивме уште еден учесник на Светското првенство во Русија, а тоа ќе биде репрезентацијата на Шпанија која успеа на свој терен да ја совлада Албанија со 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во таа група се е познато, Италијанците се во бараж, Шпанците директно во Русија. Освојувачите на Светското првенство во 2010. година по 11. пат ќе бидат учесник на Мундијалот во Русија следната година, а пред нив пласман изборија следниве репрезентации:

Русија (домаќин), Бразил, Иран, Јапонија, Мексико, Белгија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Германија и Англија.

Синоќа, репрезентациите на Англија и Германија успеаа да се пласираат на Мундијалот, а денеска би можеле да добиеме уште неколку учесници од Африка, Северна и Централна Америка и Европа.

Во Европа се играат натрпеварите во рамките на групите А, Б и Х, а тешко дека ќе добиеме нов учесник од нашиот континент, имајќи во предвид неизвесноста во групите А и Б, како и фактот дека во рамките на групата Х, Белгија веќе избори пласман на СП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…