Како и секој месец, така и овој, во Премиер лигата се избира менаџер на месецот каде што за јануари има три номинирани стратези.
Шон Дајч (Барнли), Оле Гунар Солскајер (Манчестер Јунајтед) и Ралф Хасенутл (Саутемптон) се тренерите кои се во номинација за наградата која во Премиер лигата традиционално се доделува секој пат на почетокот на следниот месецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шон Дајч со Барнли во јануари одигра четири натпревари од кои издвои две победи и два нерешени резултати. Барнли на почетокот на месецот успеа да ги победи Хадерсфилд и Фулам и да постигне позитивен резултат на гостински терен против Вотфорд и Манчестер Јунајтед.
Оле Гунар Солскајер од кога пристигна во Манчестер Јунајтед го препороди големиот гигант. Норвежанецот веќе 9 натпревари не знае за пораз (8 победи и еден нерешен резултат). Манчестер Јунајтед во јануари успеа да ги победи Њукасл, Тотенхем и Брајтон и да освои еден бод против Барнли.
Ралф Хасентул во јануари имаше постигнато слични резултати како и Шон Дајч. Саутемптон во јануари успеа да ги победи Лестер и Евертон, а да постигне нерешен резултат против Челзи и Кристал Палас.
Поранешниот напаѓач на Јунајтед кој сега од клупата го предводи клубот е најголем фаворит за освојување на оваа награда. Сите вие можете да гласате на официјалниот сајт на Премиер лигата до понеделник (4 февруари).