Дома Фудбал Останато Ова е најдобриот тим на Европското првенство за млади

Ова е најдобриот тим на Европското првенство за млади

По финалето, беше прогласен и најдобриот играч на првенството, како и најдобриот тим на Европското првенство за играчи до 21 година.

Најважниот трофеј беше посветен за шампионот Германија, кој го освои трофејот по победата во финалето над Шпанија од 1:0, селекција која се сметаше за главен конкурент за освојување на трофејот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од поразената репрезентација во финалето, пристигна најдобриот играч на турнирот во Полска, Дани Себаљос. Играчот за врска на Шпанија и Бетис, меѓутоа, не беше премногу среќен поради признанието.

„Помешани ми се чувствата. Среќен сум поради изборот за најдобар играч на првенството, но би го променил ова признание со трофејот шампион на Европа“, искрен беше 20-годишниот фудбалер по примањето на наградата.

Нешто подоцна, беше објавен и најдобриот тим на првенството. За жал, немаше место за нашите играчи кои натпреварувањето го завршија уште во групната фаза. Најмногу репрезентативци има Германија (6), потоа Шпанија (3), а по еден имаат Словачка и Италија.

Меѓунајдобрите 11 се:
Јулијан Полерсбек (Германија) – Милан Шкриниар (Словачка), Џереми Толјан (Германија), Никлас Штарк (Германија), Јаник Герхарт (Германија) – Максимилијан Арнолд (Германија), Дани Себаљос (Шпанија), Макс Мејер (Германија), Саул Нигез (Шпанија) – Марко Асенсио (Шпанија), Федерико Бернардески (Италија).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…