Дома Топ вести Нов начин за Сергеј да заврши во Милано: Како рата за кредит од 300 до 400 милиони евра?!

Нов начин за Сергеј да заврши во Милано: Како рата за кредит од 300 до 400 милиони евра?!

savic

Сергеј Милинковиќ Савиќ е еден од најбараните играчи во Италија.

Изминатите денови многу се пишуваше за тоа дека Србинот многу лесно може да заигра за Милан, а сега италијанскиот новинар Тицијано Крудели тврди дека такво нешто станува сосема реална можност во наредниот преоден рок.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Имено, тој изнесе тврдење дека Клаудио Лотито размислува за нов стадион на Лацио и за таа цел би можел да го употреби Србинот.

Лотито би земал позајмица од сопствениците на Милан, фондот Елиот вредна 300 до 400 милиони евра, а дел од таа позајмица би ја покрил со продажбата на Сергеј во таборот на „росонерите“.

Во тој случај репрезентативецот на Србија би бил проценет на 120 милиони евра.

Ќе потсетиме и во текот на вчерашниот ден во медиумите се појави вест за Сергеј и Милан. Меѓутоа тогаш стануваше збор за сосема друга понуда. Се пишува дека Милан е спремен за Сергеј да понуди сума од 40 милиони евра и напаѓачот Патрик Кутроне.

Меѓутоа овие две вести некако не одат заедно затоа што Кутроне е проценет на околу 30 милиони евра, па така се доаѓа до вкупна сума од 70 милиони евра, додека Крудели тврди во договор со стадионот Милан ќе прифати да Србинот да биде проценет на 120 милиони евра.

Како и да е останува да го почекаме летниот преоден рок каде што сигурно ќе биде интересно.

https://www.youtube.com/watch?v=mijiQmLMjBI&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …