Дома Фудбал Останато Нови детали: ПСЖ за Нејмар не платил 222 милиони евра – туку 30 повеќе!

Нови детали: ПСЖ за Нејмар не платил 222 милиони евра – туку 30 повеќе!

neymar

Документацијата која ја објави порталот кој се занимава со малверзации во фудбалот сериозно ја тресе фудбалската јавност.

Порталот „Фудбал Ликс“ открива досега непознати детали околу трансферот на Нејмар во Париз Сен Жермен. Во документите кои ги објави германски „Шпигл“ се наведува дека сумата од 222 милиони евра колку што изнесуваше откупната клазула пораснала на – 252 милиони евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сумата стигнала до оваа бројка бидејќи агентите Пини Захави и таткото на Нејмар добиле по 10.7 милиони евра, додека 8.7 милиони евра добил Сантос како основа за допринос на солидарност за матичниот клуб.

„Медиапарт“ кој се занимава со анализа на документи, открива дека Нејмар потпишал петгодишен договор за сума од 30 милиони евра во секоја сезона. Од оваа сума 25.5 биле фиксни, додека 4.5 милиони евра биле преку дополнителни бонуси и премии.

„Фудбал Ликс“ открива и дека Бразилецот потпишал уште 30 договори со различни спонзори. Меѓу кои и оној „тежок“ 930 илјади евра на годишно ниво со компанијата за производство на очила „Полис“.

Исто така се наведува планот на францускиот клуб да ги избалансира трошоците за купување на Нејмар и Мбапе, па така приходот се зголемил за 50% веќе во сезоната 2017/2018. Планирано е на годишно ниво, на основа на името на овие двајца играчи „светците“ да добијат уште 165 милиони евра.

Според овие документи ПСЖ се обидел и драстично да ги зголеми сумите во договорите со компаниите „Најк“ и „Емирати“ (секој по 25 милиони евра), на дури 100 милиони евра! Сепак, ова нивно барање веднаш било одбиено. Негативен одговор добиле и на барањето до „Најк“ за договор од 60 милиони евра. Ова донекаде е и „регулирано“ со потпишување на брендот „Џордан“ кој е дел од „Најк“ со договор од 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…