Дома Офсајд Новицки со објавата на Твитер го насмеа цел свет

Новицки со објавата на Твитер го насмеа цел свет

Дирк Новицки откако ја заврши кариерата максимално се посвети на приватниот живот и уживањето во него.

Тој одлучи да присуствува на некои натпревари од СП во Кина, а по враќањето дома го пречекала интересна ситуација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, по враќањето во Далас, каде одлучи да остане да живее, на аеродромот имало голем број на камери, а тој за момент помислил дека сето тоа е поради него.

„Кога се вратив од Кина на аеродромот имаше голем број на камери. Помислив дека сето тоа е поради мене, но биле дојдени поради Зеке.“ – напиша Дирк на Твитер.

Инаку, Зеке е Езекиел Елиот, НФЛ играчот на Далас кој пристигнал во исто време како и Дирк, а новинарите го пречекале бидејќи се уште не е решена ситуацијата околу неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ќерката на Луис Енрике го остави Феран Торес, па си „фати“ негов соиграч

Сирa Мартинез е светска шампионка во јавање на младинско ниво, има 23 години и е фасцинира…