Дома Фудбал Останато Новиот кикс го налутил Перез Зидан ги брои последните денови, контактиран и неговиот наследник?

Новиот кикс го налутил Перез Зидан ги брои последните денови, контактиран и неговиот наследник?

По новиот кикс на Реал Мадрид против Виљареал шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез конечно е спремен да го направи она што фудбалската јавност го очекува веќе подолго време, а тоа е отказ на Зинедин Зидан.

„Кралевите“ беа поразени од Виљареал на „Бернабеу“ со 1:0, а тоа за овој клуб беше и втор пораз во низа на домашен терен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Да потсетиме, Зидан со Реал во последните две сезони освои две титули во Лигата на шампионите и шпанското првенство, прво после 2012 година. Меѓутоа оваа сезона гигантот од Мадрид игра во навистина лоша форма.

Во Лигата на шампионите беа второпласирани и ги чека тежок натпревар против ПСЖ, додека во домашното првенство, Барселона која е лидер има огромна предност од 16 бодови и практично може да се каже дека веќе сега се простија од титулата.

Поради оваа ситуација и последниот кикс на Зидан, како што дознаваат шпанските медиуми Французинот го контактирал селекторот на светскиот шампион, Германија, Јоаким Лев.

Според информациите, Перез имал разговор со Лев и има неговиот план е да го доведе на лето, иако Лев претходно ќе мора да го одработи Светското првенство со Германија.

Како и да е се повеќе станува јасно дека Зидан наскоро ќе биде „бивши“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…