Според последните информации, Наполи подготвува нов договор за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Во текот на летниот период клубот одби понуди Лајпциг и Ливерпул, Германците нудеа и 30 милиони евра, а „Кориере дело Спорт“ најавува дека новиот договор се подготвува, но ќе зависи и од Руди Гарсија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гарсија на стартот од сезоната му дава скромна минутажа на Елмас и во два натпревари македонскиот репрезентативец одигра само десетина минути.
„Ако Гарсија не го промени односот кон Елмас со малата минутажа, новиот договор ќе биде под голем знак прашалник“, објави „Кориере“.
Во текстот исто така се потенцира дека со играта против Италија, Елмас го покажал својот капацитет, па тоа може да биде пресвртница и кај Гарсија.