Повредите се огромен проблем за Диего Симеоне.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид ќе биде надвор од терените околу три недели поради повредата на препоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот се повреди во саботата во текот на натпреварот против Ваљадолид (3:2).
Атлетико во текот на вчерашниот ден потврди дека после деталните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на препоната на 33 годишниот фудбалер.
Клубот не наведе колку Луис ќе отсуствува, но шпанските медиуми пренесуваат дека ќе се врати на терените за три недели. Тој ќе ги пропушти натпреварите со Еспањол и Севиља, а очекувањата се да биде во комбинација за настап за натпреварот против Џирона во шпанскиот куп на 9-ти јануари.
Луис одигра 13 од 16 првенствениот натпревари оваа сезона, постигна еден гол и запиша асистенција.
Тој е последен во низата повредени играчи на Атлетико, после Диего Коста, Хозе Марија Хименез и Лукас Ерненадез што значи дека Симеоне во наредните натпревари нема да има вистинско решение за левата бековска позиција.
Атлетико во овој момент во Ла Лига се наоѓа на третата позиција со три три бода заостанување зад лидерот Барселона.