MЗТ Скопје по деветти пат дојде до шампионската титула, вечерва во Битола на гости кај Пелистер славеа со 102:93 и така ставија крај на финалната плеј-оф серија со 3:1.
Предводени од Немања Милошевиќ МЗТ имаше одлична напаѓачка вечер. Милошевиќ само во првото полувреме постигна 22 поени. Битолскиот состав во првите две четвртини им парираше на гостите од Аеродром, па на полувремето МЗТ водеше со само пет разлика (51:56).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во второто полувреме Пелистер започна да прави грешки, а тоа МЗТ знаеше како да го искористи. Последниот отпор домаќините го дадоа кога со серија од 11:2 се вратија на 63:65. Потоа МЗТ го подигна нивото и го приведе натпреварот кон крајот, мечот беше решен кога металците дојдоа до највисоката предност на натпреварот од 81:68.
Најефикасен кај МЗТ беше Милошевиќ со 31 поен, а Војдан Стојановски и Рикиќ постигнаа по 17 поени. Најрасположени кај Пелистер беа Никола Малешевиќ со 21 и Игор Кесар со 19 поени.
Фото: МЗТ