Дома Фудбал Останато Не е само Арсенал, уште еден голем клуб од Премиер лигата го сака Бепе Марота

Не е само Арсенал, уште еден голем клуб од Премиер лигата го сака Бепе Марота

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој го контактираше поранешниот спортски директор на Јувентус, Бепе Марота.

Според пишувањето на „Индепендиентет“, Јунајтед го контактирал Марота кој со години успешно ја извршуваше функцијата извршен директор на Јувентус.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Неколку клубови од Премиер лигата се обидуваат да го доведат откако објави дека го напушта Јувентус, а после Арсенал стигнал и повикот од Манчестер Јунајтед.

Иако, дел од медиумите наведуваа дека Марота многу веројатно ќе остане во Италија и ќе ја прифати понудата од Интер.

Засега Интер е претставен како најголем фаворит за доведување на Марота, но на „Олд Трафорд“ сигурно нема лесно да се откажат, доколку навистина сакаат да го видат Марота во своите редови.

Марота од 2004 до 2010 работеше во Сампдорија, а од 2010 година до неодамна беше дел од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…