Дома Трансфер зона Нејмар ќе биде тој кој ќе ја плати цената за новата елиминација?

Нејмар ќе биде тој кој ќе ја плати цената за новата елиминација?

Како што стојат работите во Париз некој ќе мора да ја плати цената за новиот неуспех во Лигата на шампионите.

Поразот од Реал Мадрид и елиминацијата во Лигата на шампионите уште во осминафиналето го поттикнало раководството на драстични потези, а новинарот Ромаин Молина пренесува дека клубот донел одлука на лето да се ослободи од Нејмар.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


ПСЖ имаше предност од 2:0 во вкупниот резултат после еден час игра во реваншот во Мадрид, но потоа Карим Бензема постигна хет-трик и на тој начин ги уништи соништата на „своите“ Французи.

Богатите катарски сопственции потрошија повеќе од една милијарда евра од нивното доаѓање за да ја освојат Лигата на шампионите, но со години се соочуваат со елиминации. Најскапата инвестиција беше Нејмар за кого во 2017 година платија 222 милиони евра.

Меѓутоа Нејмар во последните години често пати е повреден и игра променливо. Неговиот актуелен договор го врзува со клубот до јуни 2025 година, а до сега на 135 натпревари за ПСЖ постигна 91 гол и подели 57 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …