Дома Актуелно Нејмар силно сака да си оди од ПСЖ, Реал на чекор до трансфер!?

Нејмар силно сака да си оди од ПСЖ, Реал на чекор до трансфер!?

Барселона доби голем конкурент за потписот на Нејмар, а тоа е нивниот лут ривал Реал Мадрид.

Наводно вчера биле направени преговори помеѓу управата на ПСЖ и Реал Мадрид за трансфер на Нејмар кој очајнички сака да си замине од Франција. Трансферот во Барселона е многу компликуван и речиси е невозможно да се случи до крајот на трансфер периодот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токму тука својата шанса ја гледа Реал Мадрид и сега и тие сакаат да го доведат Бразилецот во својата екипа. И самиот Нејмар ја прифатил шансата да влезе во преговори со Реал, бидејќи сфатил дека тешко ќе си замине било каде на друго место.

Исто така, оваа информација која ја пренесоја француските медиуми доби дополнителна тежина кога ќе се земе во предвид одличниот однос на Перез и Ал-Келаифи. Како дел од договорот кон Париз би требало да си оди Бејл кој нема иднина во Реал и Навас кој е замена за Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…