Откако младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе пред неколку дена изјави дека е спремен на поголема одговорност, можеби во друг клуб, денес и Нејмар предизвика „бура“ со својата изјава.
Бразилецот со својата изјава ја постави под знак прашалник својата иднина во Пари Сент Жермен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јас сум човек на кого му се допаѓаат нови предизвици“, изјави Нејмар и само ги засили шпекулациите за негово заминување од Париз.
??? Lo último de Neymar: "Soy una persona a quien le gusta afrontar nuevos retos" https://t.co/rYY0KDYdVd
— MARCA (@marca) May 24, 2019
Вчера еминентниот „Екип“ пренесе дека дошло до заладување на односите помеѓу Нејмар и Мбапе и дека клубот ќе биде приморан да продаде една од двете ѕвезди ова лето.
Тренерот Томас Тухел исто така со својата изјава индиректно потврди дека може да биде продаден еден од двајцата фудбалери.
„Како тренер сакам да останат двајцата, но знаете дека во фудбалот се е можно. Не сме наивни, знаеме дека во фудбалот може да се случи се. Ако еден од нив си замине, ќе најдеме соодветно решение“, призна Тухел.