Дома Фудбал Нејмар откри каков играч би изгледал совршено: Левата нога на Меси, брзината на Мбапе…

Нејмар откри каков играч би изгледал совршено: Левата нога на Меси, брзината на Мбапе…

Бразилскиот фудбалер Нејмар откри како би изгледа за него најсовршениот фудбалер на светот.

Нејмар даде интересно интервју за француските медиуми во кое зборуваше за својата досегашна кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исто така, едно од прашањата беше како би изгледал совршен фудбалер за Нејмар доколку би можел да земе некои особини од останатите светски играчи.

„Уф…совршен играч? Смеам ли да земам во предвид? Смеам, уф, добро, тогаш да почнеме.“ – рече Нејмар и додаде:

„Што се однесува до физичките предиспозиции би го избрал Кристијано Роналдо. Би ја додал еластичноста на Ибрахимовиќ и играта со глава која ја игра Рамос.

Да има брзина како Мбапе и лева нога како Лео Меси. Исто така, ќе го додадам Левандовски за позиционирање, дефанзивната игра на Канте и креирање акции во средниот ред како Верати. Тоа е совршен играч за мене.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…