Дома Топ вести Нејмар: Не сакам да играм повеќе во ПСЖ!

Нејмар: Не сакам да играм повеќе во ПСЖ!

Иднината на Нејмар повторно е главна тема ова лето, особено откако медиумите најавија дека ПСЖ е спремен да го пушти најскапиот фудбалер во светот.

Нејмар наводно уште од поодамна сака да го напушти клубот и да се врати во Барселона, а сега според извештаите од Шпанија е се посериозно неговото враќање на „Камп Ноу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ извади насловна со порака на Нејмар кон претседателот Насер Ал Келаифи која гласи: „Не сакам да играм тука повеќе, сакам да се вратам во мојата куќа која не требаше никогаш да ја напуштам“.

Весникот додава дека проблем може да биде платата на Бразилецот која изнесува 37 милиони евра годишно, а исто така проблем ќе претставува и фактот што Нејмар во последно време има доста проблеми со повредите.

Претходно претседателот на ПСЖ ја отвори вратата за заминување на ѕвездите кои не сакаат да играат во францускиот клуб, па се поголеми се шансите Нејмар ова лето да се врати во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …