Нејмар со пред два дена со хет-трик му донесе победа на Бразил од 4:2 против Перу во квалификациите за Светското првенство 2022, така Нејмар го прескокна Роналдо и сега е втор на вечната листа најдобри стрелци на Бразил.
Карлос Замбрано, стоперот на Бока Јуниорс и репрезентацијата на Перу и го пофали, но и го искритикува Нејмар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нејмар е голем играч, еден од најдобрите во светот и тоа повторно се докажа во овој натпревар. Меѓутоа потврди и дека е вистински кловн затоа што после секој контакт се фрла на земја и прави театар. Против нас во шеснаесетнкот падна 4-5 и два пати му успеа да изнуди пенал. За мене ниту еден од двата не беше пенал“, изјави Замбрано.