Дома Фудбал Останато Нејмар го „шитна“ Мбапе поради Ријана (ФОТО)

Нејмар го „шитна“ Мбапе поради Ријана (ФОТО)

Килијан Мбапе вчера беше прогласен за најдобар играч во француското првенство сезоната 2018/2019.

20 годишниот играч на Пари Сен Жермен оваа сезона беше незапирлив во Лига 1 и сосема заслужено ја освои оваа награда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова не беше единствената награда која ја доби Мбапе со оглед на тоа дека ја доби и наградата за најдобар млад играч и најдобар стрелец во лигата.
Мбапе бидејќи Нејмар отсуствуваше голем дел од сезоната поради повреда беше лидер на ПСЖ, но на церемонијата најави дека може да го напушти Париз.

„Мислам дека доаѓам до првата или втората прсвртница во мојата кариера. Можеби е време да добијам поголем одговорност, тоа би можело да биде во ПСЖ или можеби некаде на друго место со нов проект“, изјави Мбапе на церемонијата.

Интересно е што додека се одржуваше церемонијата Нејмар место да дојде да му пружи поддршка на својот соиграч одлучи да оди на модна ревија каде што друштво му правеше познатата пејачка Ријана.

Бразилецот дури и сам се пофали со тоа што сподели фотографија на својот Инстаграм профил, а француските медиуми веднаш го нападнаа констатирајќи дека со таквото однесување воопшто не придонесува за подобра атмосфера во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…