Илија Несторовски ќе го напушти Палермо и тоа стана јасно кога клубот од Сицилија беше исфрлен во Серија Д.
Несторовски дресот на Палермо го носеше три сезони, две играше во Серија Б и една во Серија А. Сега македонскиот напаѓач се враќа во најсилната конкуренција во Италија каде што ќе потпише договор со Удинезе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уште од пред неколку недели се најави дека Несторовски е пред потпис со Удинезе, а денес „Тутомеркато“ објави дека се е договорено и дека Нестор ќе стави потпис на договор кој ќе има важност три години со опција истиот да биде продолжен на уште една и ќе заработува еден милион евра по сезона.
Споменатиот медиум го открива и бројот кој ќе го носи Несторовски, а тоа истиот од Палермо 30. Во Удине Несторовски пристигнува како слободен фудбалер бидејќи договорите на сите играчи на Палермо се поништени после исфрлувањето во четвртата италијанска лига.
TMW – Udinese, contratto triennale per Nestorovski https://t.co/DQOyJxuY1b
— Tuttomercatoweb (@TuttoMercatoWeb) July 18, 2019